Северина е бремена: Пријатели на пејачката потврдија

Добивај вести на Viber

Северина е бремена, тврдат нејзините пријатели. Хрватската поп-ѕвезда наводно ги откажала сите настапи, а не се појавила ниту како гостинка на концертот на нејзиниот свекор, фолк-пејачот Драган Којиќ-Кеба во Белград.

„Сигурен сум дека Северина и Игор Којиќ го очекуваат првото дете, но тоа го кријат од јавноста. Убавата вест ја имаат споделено само со потесното семејство. Таа се правдаше дека поради настинка не дојде да пее на концертот на Кеба, но не е така. Северина претходно беше во САД на терапија која очигледно и помогнала да забремени“, открил пријател на брачната двојка Којиќ за порталот „Србија данас“. Со оглед на тоа дека има 46 години, вели порталот, Северина сака првите денови од бременоста да ги помине во мир и без стрес.