Северина не го враќа синот: Борбата против поранешниот сопруг продолжива

Според локалните медиуми, пејачката наводно го надминала времето што може да го помине со синот

Северина Којиќ, наводно, веќе полни девет дена не го враќа својот син кај поранешниот партнер Милан Поповиќ, кој го има старателството над момчето, пишува „Информер“.

Според овој извор, пејачката нејзиниот осумгодишен син А.П. според одлуката на судот, може да го гледа само двапати неделно, секој втор викенд - од сабота наутро до недела навечер, како и по две недели за време на распустот. Северина, наводно, ја прекршила оваа одлука.

Изворот вели дека малото момче поминало 14 дена со својата мајка, но дека таа не го вратила кај неговиот татко, кој има целосно старателство.

Весникот понатаму наведува дека Северина не му се јавува на Поповиќ или не одговара на пораките, поради што тој наводно размислува да ја пријави на властите.

- Милан размислува да покрене судски случај против неа. Тој се консултира со адвокатите и тие му кажаа дека има право да ја тужи - заклучува изворот.