Северина не му честиташе роденден на Игор: Објави фотка од летување на кое блеска од среќа

Којиќ во текот на целиот ден ги споделуваше роденденските честитки, додека пејачката уживаше во ресторан на една од плажите каде е на летување...

Сопругот на Северина Којиќ, Игор Којиќ вчера го прослави 34-от роденден, а некои од најубавите честитки кои ги доби, тој ги сподели со следбениците на Инстаграм. Меѓутоа, една, а можеби и најважната изостана. Во прашање е честитката од пејачката.

Доколку судиме според фотографиите кои и двајцата ги објавија и двајцата, овој роденден не го прославиле заедно. Имено, пејачката објави неколку фотографии на Инстаграм на кои позира насмеана и изгледа како да е никогаш посреќна, додека ужива на летување.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Од друга страна, Игор објави фотографија, каде во прв план е пеперутка, а според останатиот амбиент Којиќ најверојатно ужива во семејниот дом.

За потсетува, веќе наголемо се шпекулира дека тие двајца не се заедно, а фотографиите дополнително ги потврдуваат овие приказни. Инаку, Северина на Инстаграм повеќе не следи никој, додека нејзиниот избраник следи околу 89 личности.