Северина пееше на дожд во Винковци и направи шоу за паметење: Го фрапира телохранителот и ја „полуде“ публиката

Хрватската пејачка Северина со концерт ги затвори 56 –тите „Vinkovačke jeseni“, а за време на настапот започна да врне пороен дожд. Сепак, ова не ја спречи пејачката да продолжи да ја анимира публиката од сцената.

„Nothing compares to you, Винковци ... Колку повеќе врнеше, толку погласни станувавте. Велат 'nikad puniji trg', а моето срце е полно. Ви благодарам, драги мои Винковци, ми требавте", напиша пејачката.

Видеото го прикажува и моментот кога телохранителот на Северина излегува на сцена и ѝ нуди чадор и се изненадува кога таа ќе го одбие чадорот. "Не?" може да се забележи дека телохранителот вели со чудење.


Публиката ја поздрави со врисок и овации, а на видеото кое го сподели на социјалната мрежа Инстаграм ѝ пишаа многу познати личности од Балкнската сцена и голем број на следбеници кои ја пофалија: „Браво, така се прави тоа“, ѝ напиша Калиопи, „Wow. Љубов“, ѝ напиша Милица Тодоровиќ, „Кралица“, напиша обожавателка, друга пак додаде „Секоја чест“, се нижеа позитивни коментари.


Фото и Видео: Инстаграм/Северина

Единствено нив ги повредив: Северина после 17 години упати јавно извинување до семејството на партнерот од интимната снимка