Шакира плаче во спотот за новата песна посветена на Пике: Но кармата е чудо - тој наскоро ќе мора да го носи нејзиното име на градите

Добивај вести на Viber

На секои неколку дена шпанскиот фудбалер ќе биде принуден на гради да го носи името на жената со која помина 12 години, а потоа ѝ го скрши срцето.

Како што пренесуваат европските спортски медиуми, Жерар Пике во иднина би можел двапати неделно да носи дрес на кој пишува – Шакира!

Имено, неговиот ФК Барселона има договор со музичката платформа Spotify, чии челници сакаат да промовираат некои музички ѕвезди со тоа што ќе ги испишуваат нивните имиња на дресовите на спортистите, а се шпекулира дека името на Шакира ќе стои на дресот на Барселона.

Познатиот шпански новинар Мојсес Лоренс тврди дека се било договорено. Се уште никој не ги коментирал овие тврдења: ниту Барселона, ниту Спотифај, ниту шпанската Ла Лига, па останува да видиме дали ќе го видиме фудбалерот облечен во дрес со името на жената која неодамна му го скрши срцето.

Во меѓувреме Шакира ја објави новата песна посветена на Пике, а во видео записот таа плаче и пее:
„Не си ти крив ни јас, виновна беше монотонијата. Никогаш не кажав ништо, но ме повреди. Знаев дека ова ќе се случи.  Ти беше ти ​​и секогаш го правеше истото, секогаш барајќи го центарот на вниманието. Еден ден заборави што бевме, а тоа е најлошиот дел. Не си ти крив ни јас, виновна беше монотонијата. Никогаш не кажав ништо, но ме повреди. Знаев дека ова ќе се случи.“


Да потсетиме дека Жерар Пике и Шакира пред неколку месеци објавија дека се разделуваат.

Набрзо беше откриено дека Пике ја изневерувал пејачката со водителката и студентка Клара Киа Марти, а дури се шпекулираше дека Шакира го фатила фудбалерот во кревет со неговата љубовница.

Шакира и Пике поминаа 12 години заедно и ги имаат синовите Милан и Саша, а по неколку месеци молк, колумбиската музичка ѕвезда неодамна во интервју за Elle призна дека не ѝ е лесно.
- О, многу е тешко да се зборува за ова.

Сепак, на познатите родители не им е секогаш лесно. На крајот на краиштата, синовите на Шакира имаат социјален живот, а децата и нивните родители се делумно свесни за тоа што се случило во домот на Шакира и Пике.

Сепак, таа не сакаше да одговара на прашања за изневерувањето на Пике и новата девојка.

- Мислам дека тие детали се премногу приватни за споделување, барем во овој момент бидејќи се е толку свежо. Можам само да кажам дека дадов се за оваа врска и моето семејство – изјави Шакира.

извор:GLOSSY/radiosarajevo

Пике не крие колку е вљубен во новата девојка: Фудбалерот со последниот потег ја повреди Шакира на најболен начин (ФОТО)