Шармантната актерка проговори за врската со Бред Пит: Ова е надвор од контрола

Во ноември минатата година, светската јавност беше изненадена од веста дека славниот актер е во врска со актерката Алаја - три децении помлада од него.

Откако се разведе од Анџелина Џоли, Бред Пит официјално нема девојка, а медиумите го поврзува со некои од најубавите жени во Холивуд, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон.

Сепак, како јавна тајна е прифатено дека тој е во врска со Алаја Шокат, која публиката ја знае од нејзината улога во серијалот „Arrested Development“. 

Двајцата беа “уловени“ од папараците повеќепати, заедно на изложби, во ресторан за брза храна, за време на прошетка и наводно Шокат е видена како излегува од куќата на Бред во која тој се изолираше додека траеа мерките за спречување од ширење на коронавирусот (фотографии во галерија).

Сега, за прв пат откако гласините за нивната врска ги преплавија медиумите, Алаја ја даде својата прва изјава на оваа тема.

- Не сме во врска. Ние сме само пријатели - рече актерката за Vulture.

Таа додаде дека и претходно се споменуваше во медиумите, но никогаш на овој начин и дека она што се случува во моментот е „надвор од контрола“.

Извори блиски до Пит и Шокат досега дадоа контрадикторни изјави - некои нивни пријатели тврдат дека се заљубени до ушите, а има многу што велат дека имаат само слични интереси и затоа станале пријатели. Кому му верувате?

фотографии:PROFIMEDIA 
извор:glossy.espreso
После 4 години: Анџелина Џоли откри зошто го напушти Бред Пит
ГАЛЕРИЈА: