Шеик од Дубаи е мојот син: Италијанка си го препознала синот по лузните, тој одбива да направи ДНК тест

Италијанката Бјанка Колајани тврди дека во шеикот Мухамед ал Хабтур (52), син на магнатот од Обединетите Арапски Емирати Халаф ал Хабтур, го препознала сопствениот син киднапиран на 21 јуни 1977 година на полуостровот Саленто во областа Пуља.

Бјанка за италијанскиот весник Кориере де ла Сера изјавила дека го препознала својот син Мауро Роман, кој имал шест години за време на киднапирањето, во арапскиот шеик по лузните на веѓите и десната рака што ги добил од пегла, јавува Анса.

„Се надевам дека тоа е тој, бидејќи тоа би значело дека тој е жив и не е убиен“, рекла таа.


Италијанските медиуми наведуваат дека ДНК-тестот ќе ја реши мистеријата, но дека емирот одбил да го направи тоа.

Роднините на Мауро сега планираат да отпатуваат за Дубаи и со помош на италијанскиот конзулат да го принудат шеикот да го направи тестот.

Како што се наведува, родителите никогаш не престанале да го бараат својот син.

Благодарение на нивната упорност, истрагата никогаш не била запрена, а неодамна било откриено дека наводниот киднапер е 79-годишен поранешен бербер, кој го киднапирал момчето и го дал на луѓе кои сè уште не се идентификувани.



Фото: Твитер/Јутјуб-принтскрин