Шер „уловена“ со новото момче: 40 години е помлад од неа, има деца со Амбер Роуз и многу скандалозни врски (ФОТО)
Легендарната пејачка пред неколку дена го покажа своето ново момче
Легендарната Шер (76) е видена како излегува од ресторан во Западен Холивуд цврсто држејќи го за рака Александар Едвардс (36), потврдувајќи ги шпекулациите дека има нова љубов.
Едвардс во еден момент романтично ѝ ја бакнал раката на пејачката, а многумина забележале дека тој е многу внимателен кон неа, откако ѝ рекол да внимава како чекори.
Пејачката за оваа пригода носеше целосно црна комбинација, кој се состоеше од широки црни панталони и топ со ремен, лелеаво палто и црни чизми. Изгледаше дека Едвардс е целосно синхронизиран со својата нова девојка, бидејќи тој исто така се одлучи за целосно црно.
фото:profimedia
Она што многумина ги заинтригира е фактот дека Александар Едвардс е дури 40 години помлад од неа. На јавноста ѝ стана познат по излегувањето со најпопуларните ријалити ѕвезди, а има вонбрачни деца со Амбер Роуз (која се забавуваше со Канје Вест), но и со Блек Чајна (се забавуваше со Роб Кардашијан).
Амбер Роуз го обвини Александар дека ја изневерува со 12 различни жени, а потоа во живо на Инстаграм ги призна сите свои неверства.
Новото момче на пејачката Шер не е популарно во Холивуд, бидејќи важи за сериски прељубник токму поради горенаведените примери.
Шер сè уште не проговорила јавно за наводите за нивната романса, но јасно е дека меѓу нив не постои само музичка соработка, бидејќи во изминатите неколку месеци неколкупати беа фотографирани заедно во јавноста како разменуваат нежности.
извор:GLOSSY