Шест години без Кемал Монтено: Бранка му беше љубов за цел живот

фото: ARHIV

Пејачот и текстописец Кемал Монтено почина пред точно шест години, на 21 јануари, 2015 година, кога ја изгуби битката за живот поради компликации, кои следеа по трансплантација на бубрег.

Во неговите песни доминираа стихови за љубовта, за она што го чувствуваше и доживеа, а оние што секогаш ќе останат запаметени се „Nije htjela“, „Jedne noci u decembru“, која ја посвети на неговата Бранка, „Vratio sam se zivote“ и многу други.

- Бранка е мојата прва, вистинска, голема и единствена љубов. Се заљубив во неа уште во 1967 година, пред војската. Ја видов на шеталиштето, и реков: „ти си моја“, и - крај. Почеток и крај. Не знаејќи како да ѝ пристапам, ја замолив да ми позајми ситни пари за да ја „принудам“ на нов состанок за да ѝ ги вратам парите - Монтено зборуваше за неговата љубов.

Тоа беше една од оние љубови, за кои може да се каже дека е неминлива, вистинска,  вечна...

Во едно од последните интервјуа, Кемал истакна колку му значи неговата сопруга Бранкa, што за него била најголема креативна инспирација.

"Секако, мојата Бранка е прва, а по неа доаѓаат моите деца, внуци. Сепак, Бранка е посебна и специфична, мојата љубов, мојата сила, најголемиот пријател и најголема страст! Бранка и јас се запознавме на шеталиштето во Сараево.
Имаше само 17 години, а јас две и пол години постар од неа. Од моментот кога се запознавме, знаевме дека сме судени еден за друг, без да направиме грешка, тоа потврдува и зошто сме сè уште заедно. Се оженивме кога излегов од војската на 26 јуни 1971 година. Следната година, во февруари, се роди нашата ќерка Адријана, а две години подоцна и синот“, велеше Кемал за неговата единствена љубов, Бранка.

На прашањето дали му пречи носталгијата за минатото, Монтено тогаш одговори:

"Oј, постојано плачам за старите добри времиња. Мислам дека се разболев од Југоносталгија. Како Југословени, бевме почитувани и ценети низ целиот свет, а денес сме поделени, оградени, полни со гнев и сиромаштија и без лек.
Јас не сум од таа приказна, вратете ми го времето на љубовта и мојот рај. Згрозен сум од овие поделби: ние сме ние, а вие сте вие, тие се тие, па не знам кој е, кој!
Дојде некое чудно време, денес веќе не знам кој сум или што сум", зборуваше тој.

Патував низ целиот свет, но никогаш не видов подобра земја, велеше за Југославија Кемал.

извор:GLOSSY / avaz.ba