Шест закони за одржување на орхидеите: Доколку ги следите, ќе цветаат 3 пати годишно

Најпопуларното собно цвеќе на денешницата е орхидејата!

Орхидејата е една од најубавите собни билки. По правило ја купуваме кога е во цут. Со текот на времето цветовите опаѓаат, а сопствениците на орхидеите се прашуваат дали прават нешто погрешно.

Ќе ви раскажеме зошто орхидејата не цвета и како може да се поправи тоа.

Просечната должина на цветање на орхидејата е 3 месеци. Обично цвета два или три пати годишно. Паузата помеѓу цветањето може да биде одложена и за неколку месеци.

За да уживате во честото цветање на оваа билка ќе ви помогнат следните работи.

1. Создадете и на орхидејата температурна разлика: во текот на ноќта саксијата нека ви стои на поладно место (до 15 степени).

2. Намалете ја количината на азот во прехраната. Фосфорот треба да има предност, бидејќи тој го стимулира цветањето.

3. Редовно влажнете го воздухот околу билката.

4. Преместете ја саксијата со орхидеја 5 дена на темно место. За три недели орхидејата треба да пушти пупки. Овој начин е погоден само за здравите билки.

5. Наместо да ја полевате се препорачува со саксијата со орхидеја да ставите неколку коцки лед и така таа побрзо ќе процвета.

6. Доколку забележите дека кај нерасцветаните орхидеи активно растат корени и листови, значи дека има погоден начин на развој. Додека овој период не заврши, билката нема да процвета. Бидете трпеливи.

Најважната работа е да и обезбедите нега која ќе и одговара на вашата билка. Таа сака многу светлина и се плаши од претерана влага. За време на цветањето се полева по малку, два пати недели, а за време на мирување доволно е еднаш неделно.

Може да ве интересира:

Носат несреќа и тага: Цвеќиња кои не се подаруваат на жените