Шилегов го стишува „Самерленд“

Добивај вести на Viber

Град Скопје донесе одлука да го стиши звукот на ноќните забави што ги нуди „Самерленд“ претежно кај местото викано Школка во Градскиот парк и истите да завршуваат еден час порано по поплаките од група граѓани од Дебар Маало.

Група граѓани од Дебар Маало го испратиле ова барање до градската управа, жалејќи се на гласната бучава од музичките настани во доцните вечерни часови, и истото им било прифатено.Наместо до полноќ, програмата секоја вечер ќе трае до 23 часот.

Градот Скопје во текот на вечерните часови во јули нуди интересни забавни содржини и активности за сите возрасти во Градскиот парк. Програмата на „Самерледн“  започна на 4 јули а предвидено е да трае до 28 јули. Оваа програма се одвива прв пат по искуството со „Винтерленд“ на Градскиот плоштад.