Шивачката ќе ви го сошие за помалку од 1000 денари: Данијела Димитровска во фустан во кој ќе изгледате како летна божица

Добивај вести на Viber

ФОТО: Инстаграм

Цветовите се апсолутен летен хит и оваа сезона

Познатата манекенка Данијела Димитровска често знае со облеката да го привлече вниманието на трендсетерките, но и на сите девојки кои сакаат да бидат секогаш добро стилизирани.

Првите топли денови на улиците ги донесоа првите летни креации, а се чини дека и оваа година цвеќињата и веселиот дизајн ќе бидат нешто што често ќе се види на градските улици.

Лелеави, лесни и речиси проѕирни се зборовите кои најдобро би можеле да го опишат прекрасниот летен фустан на Данијела Димитровска.



Доколку и вие сакате ваков аутфит, фустанот на Данијела може да ви биде инспирација. Иако за овој и слични фустани понекогаш е потребно да одвоите значителна сума пари, истиот можете да го имате и за многу помала сума.

Летните материјали често се поевтини од крутите и дебели кои се носат во зима.

Ако знаете мудро да одберете, посетете некоја од продавниците во кои се продава материјал и за само 300, 400 денари можете да купите доволно за еден ваков фустан.

Однесете го кај вашата шивачка и пресметката е јасна... Фустанот може да ви биде во раце, сошиен по ваши мерки за помалку од 1.000 денари. Што мислите за овој предлог?