ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Хрватка која живее во Австралија прво си ги убила трите дечиња, а потоа си го одзела животот

Една „депресивна“ мајка од Мелбурн се откажала од работата како физиотерапевт само три месеци пред да биде пронајдена мртва во нејзиниот дом заедно со нејзините три мали деца. 

Лекари ги пронашле телата на Кети Периновиќ, 43, и нејзините три деца - Клер, седум, Ана, пет и Метју, три, во нивниот дом во Туламарин во четвртокот во 12.30 часот. 

Ова го пренесува медиумот NowMyNews. 

Таткото на децата, како што пишуваат, Томислав Периновиќ - кој го направил повикот, се третира како „личност од интерес“. Тој дал извештај за полицијата тоа што се случило. 

Полицијата од Викторија за Дејли Меил Австралија изјавила дека Периновиќ сè уште бил во притвор и им помагал на истражителите во истрагите, откако тој прв повикал полиција во „крајно вознемирена“ состојба. 

Полицијата не била во можност да потврди дали очекува да бидат покренати обвиненија или дали тој ќе биде ослободен во петокот наутро. 

Полицијата соопшти дека немало историја на семејно насилство во врска со семејството. 

Вчера околу 12.30 часот екипите за итни случаи беа повикани во куќата на улицата Бургес, Туламарин.  Вршителот на должноста помошник-комесар Марк Галиот рече дека полицајците ќе останат на „грозоморната“ сцена на злосторството во текот на целата ноќ, но одби да објасни детали за повредите на мајката или за нејзините деца. 

Периновиќ, која го носи и презимето Блажевиќ, неочекувано ја напуштила работата во центарот за физиотерапија Гленрој пред околу три месеци, објави Хералд Сан. Се верува дека таа можеби паднала во депресија пред смртта. 

Мари Гроувс, сосед и семеен пријател на мајката изјави дека станале блиски затоа што нивните деца често играле заедно. Таа рече дека мајката присуствувала на роденденска забава во нејзината куќа за роденденот на нејзината ќерка во ноември, и била невообичаено тивка. 

Повеќе за оваа тема прочитајте на Фактор.мк