Што да јадете за Велигденските пости: Најбрзите и највкусни бомбици кои некогаш сте ги пробале
Чоко бомбици ви предлагаме да направите во пресрет на Велигденските пости.
.
Рецепт:
• 150г мелени јатки (бадеми и ореви, лешник и ореви)
• 100г свежи урми без семка (киснети во топла вода 10-15 минути)
• 100г стопено црно чоколадо
• овошје по желба (вишна, малина, брусница, јагода)
Прелив:
• 100г стопено чоколадо со 1-2 лажици масло
Подготовка:
- По желба извадете ја лушпата од киснатите урми.
- Изблендирајте ги сите состојки во процесор или блендер. Доколку немате, изблендирајте ги само урмите, па потоа рачно мешајте ги другите состојки
- Оставете ја смесата да се стегне малку во фрижидер, околу 15-20 минути.
- Потоа формирајте топчиња и во секое ставете овошје по ваша желба
- Ставете ги бомбиците да се стегнат малку во фрижидер/замрзнувач и потоа прелијте ги со стопеното чоколадо.
Можете да ги украсите по ваша желба.