Што да јадете за Велигденските пости: Рецепт за солени и крцкави посни грицки
извор: YOUTUBE/SCREENSHOT/THE PERFECT REFUGE
Најдобрите солени грицки ќе ги израдуваат сите во домот!
Остана уште малку од Велигденскиот пост, па ако сакате солени грицки, ова е совршен рецепт за вас – и посни и вкусни!
Овие тортиљи се подготвуваат од само две состојки, многу лесно. Комбинирајте ги со хумус, сос од гвакамоле, па дури и ајвар!
Потребни намирници:
200 гр пченично брашно
100 гр пченкарно брашно или палента
2 дл млака вода
сол
масло за готвење
Начин на подготовка:
Измешајте ги двата вида брашно во сад, а потоа постепено додавајте вода и месете за да добиете компактна смеса. Месете го тестото малку на набрашнета површина, обликувајте го во топче, па поделете го на 4 кори. Сукајте што е можно потенко, исечете ги на триаголници со еднаква големина и избоцкајте го секој триаголник малку со вилушка. Пржете во голема количина врело масло додека малку поруменат.