Што е среќа: Цитати кои ја кријат нејзината дефиниција

Овие цитати од познати автори даваат своја дефиниција за тоа што е среќа. 

- Чудно е колку малку е потребно за да бидеме среќни и уште почудно: колку често баш тоа малку ни недостасува. (Иво Андриќ)

- Вистинската тајна на среќата е во тоа многу да бараме од себе, а малку од другите. (Алберт Гињон)

- Извесна количина на напнатост е неизбежен дел од животот, а извесна количина на тешкотии е знак на живеење. Уште повеќе, среќата мора да се заслужи. Таа не доаѓа во таблети. (Артур Гордон)

- Кон среќата треба да се однесуваме како кон здравјето: да уживаме во неа кога е добра, да бидеме трпеливи кога е лоша. (Ла Рошфуко)

- Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно. Доколку се чувствува слободно, ќе ти остане засекогаш во рака. (Фридрих Хебел)

- Ние би биле целосно среќни или барем блиску до среќата, кога навистина би го имале тоа што завидливците околу нас мислат дека го имаме и кога сето тоа би го имале под онакви услови како што тоа им се чини на нив. (Иво Андриќ)