Што јаде Кејт Мидлтон за појадок, ручек и вечера: Еве како војвотката од Кембриџ останува здрава и во форма
Од зелено смути, преку леќа и кари - ова е тајната на совршената линија на Кејт Мидлтон.
Кејт Мидлтон се грижи за своите три мали деца, а често е ангажирана и на разни хуманитарни настани.
И покрај зафатениот распоред, војвотката од Кембриџ се стреми да има рутина до која строго се придржува - таа се стреми да води здрав и балансиран начин на живот. Како една од најпопуларните жени во светот, Кејт често е во центарот на вниманието на медиумите, а многумина се прашуваат како успева секогаш да биде во одлична форма.
Појадок
Кејт го започнува денот со појадок кој дава енергија - како овесна каша, која е богата со протеини, влакна и јаглехидрати кои бавно согоруваат.
Познато е дека овесот го намалува холестеролот во крвта, но исто така промовира добро здравје на цревата и го контролира шеќерот во крвта. Тоа е причината поради која Кејт секогаш го консумира рано наутро.
За да го одржи сјајниот тен, војвотката се труди да внесе што е можно повеќе антиоксиданси. Тоа го прави со пиење свежо смути. Кејт сака да меша кељ, спанаќ, спирулина (вид алги) и боровинки. Овој пијалок е богат со хранливи материи и витамини за кои е познато дека придонесуваат за здрава кожа и го намалуваат ризикот од болести.
Ручек
Како што одминува денот, Кејт продолжува да јаде храна која е богата со антиоксиданси, обидувајќи се да внесе многу сурови состојки за време на ручекот. Салата од лубеница со авокадо, кромид, краставица и фета сирење е еден од нејзините омилени оброци.
И иако не е вегетаријанка, Кејт за ручек претпочита да јаде претежно вегетаријански јадења, а ќебапите од зеленчук и кари од леќа се некои од нејзините омилени јадења.
Ако во текот на денот чувствува глад, Кејт јаде сиров зеленчук и овошје, како што се гоџи бобинки, кои го зајакнуваат имунитетот.
Ако сака нешто солено, зема пуканки или маслинки.
Вечера
Кејт избира полесни опции за појадок и ручек, но вечерата е нешто на што таа е особено чувствителна. Затоа таа готви нешто традиционално и вкусно.
Кејт, исто така, во минатото изјави дека често готви оброци со своите деца, како домашни пици и тестенини, а исто така сака да јаде суши.
И покрај тоа што има совршена линија, Кејт не се плаши понекогаш да се препушти на слатките.
Омилениот десерт на Кејт е леплив карамел пудинг - класичен англиски десерт кој се состои од темен, густ бисквит направен од сецкани урми, а потоа прелиен со сладок карамел сос.
Лесен по текстура и богат со вкус, овој десерт одлично оди со сладолед од ванила или со топла шолја кафе.
извор:GLOSSY