Што се прави со монетите кои се фрлаат во фонтаната ди Треви?

Италијанската престолнина Рим има повеќе од две илјади фонтани, а од нив 50 отсто од нив се наоѓаат на оние места кои се сметаат за вредни историски спомени.

Најпозната е фонтаната ди Треви. 

Архитектот Никола Салви ја замислил и дизајнирал оваа фонтана која е завршена во 1762 година, 11 години после неговата смрт и после вкупно 30 години градење. 

Треви е најголемата барокна фонтана во Рим и веројатно најпознатата на светот. Таа беше и местото каде се снимаа многу реклами и сцени од бројни филмови.  После филмот „Три монети во фонтана“ снимен во 1954 година, граѓаните и туристите почнаа да фрлаат кованици во фонтаната, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа. По договор постигнат со градот, парите од фонтаната секојдневно ги собираат луѓе од хуманитарната организација Каритас и ги користат за купување на храна и помош за сиромашните, како во Италија, така и во повеќе од 200 различни држави. Дневно во просек од фонтаната се собираат околу три илјади евра, што значи дека фонтаната ди Треви на годишно ниво донесува повеќе од милион евра.