Што се случува со ќерката на Мајкл Џексон: Фановите загрижени за нејзиното ментално здравје поради бизарните постапки (ФОТО)

Таа шокираше со Инстаграм објава!

Парис Џексон и уште неколку пријателки ја соблекоа облеката и се фотографираа топлес на полна месечина за да ја изразат својата благодарност во пресрет на Ноќта на вештерките.

Таа покажа и како изгледа овој „ритуал“ на Инстаграм, каде заедно со објавените фотографии напиша: „Благодарам, Мајко Месечино“.

Според пријателката на Парис, Лаванда, тие неодамна формирале група и се собираат за да го одбележат секој почеток на нова лунарна фаза.

„Ви благодарам сестри што ми дозволивте да го изведам мојот прв ритуал на полна месечина“, напиша Лаванда на својот Инстаграм.

„Неверојатно е да се има овој сладок и посебен култ на вештерки. Група од такви духовно свесни, неверојатни жени“. А Лаванда во коментар објасни дека ритуалот не е ништо страшно. Напротив, таа вели дека едноставно „се заблагодаруваме на месечината“.

Како што и самата ќерка на Мајкл Џексон призна, нашла мир во овој култ по обидот за самоубиство.

Парис претходно изјави дека повеќе го цени животот и оваа земја откако се обиде да изврши самоубиство. Таа во емисијата Red Table Talk зборуваше за обидите за самоубиство со Вил Смит, велејќи дека е благодарна што се уште е жива.

„Можам да кажам, неколку години подоцна, дека навистина сум благодарна што не го направив тоа. Работите се подобрија", објасни Парис.

View this post on Instagram

A post shared by  (@parisjackson)


Фотографиите очекувано наидоа на бурни реакции. И додека едни ја поддржуваат нејзината одлука и придржување кон култот, други негодуваат, велејќи дека сето тоа е малку морбидно и бизарно.

Парис сепак не обрнува внимание на нивните коментари и ќе продолжи редовно да го изведува ритуалот.

извор:stil.kurir.rs