Сиара се породи: Сподели слатко видео како му пее на штотуку родениот Вин

Сиара и Расел Вилсон добија голема победа (win), односно го добија синчето Вин (Win) Харисон Вилсон. 

Сиара ги сподели среќните вести преку видео на социјалните мрежи, од болницата, со Вин во прегратка.
Носејќи заштитна маска, веднаш му запеа, "Среќен роденден WIN !!! Мама и тато те сакаат!"  - напиша таа, откривајќи го името на бебето, датумот на раѓање и тежината. 

View this post on Instagram

A post shared by Ciara (@ciara) on


Фотографија со синчето сподели и Расел, со опис „We Winning (победуваме)“


Вин е трето дете на Сиара, второ со Вилсон, со кој ја имаат 3-годишната Сиена, а Вилсон исто така е очув на синот на Сиара, Фјутур Захир (6), кој го доби со раперот Фјутур.