Сигурно секоја од вас го има во плакарот: Летиција од Шпанија блесна во фустан кој може да го носат жени од сите генерации (ФОТО)
фото:profimedia
Шпанската кралица присуствуваше на доделувањето на наградите Макаел во Алмерија со својот сопруг.
Кралицата Летиција присуствуваше на гламурозното доделување и уште еднаш покажа дека е една од најдобро облечените жени во светот која засекогаш ќе плени со својот изглед.
фото:profimedia
Летиција за оваа церемонија избра тесен црн фустан со голи рамена, кој е една од варијантите на познатиот мал црн фустан и веројатно секоја жена има нешто слично во својот плакар.
фото:profimedia
Кралицата на Шпанија има вродена софистицираност и елеганција, па што и да облече претставува вистински моден предизвик. Со малку смелост, таа секогаш блеска според правилата и успева да го покаже своето најдобро издание.
фото:profimedia
Пунџа и дискретни дијамантски обетки беа доволни за да го заокружи волшебното издание кое го надополни со салонките на Џими Чу, кои во комбинација со фустан со миди должина одлично ѝ прилегаа на кралицата.
извор:GLOSSY