Сине ќе го победиш ти коронавирусот, те сака тато: Првенецот на Александар Вучиќ е на Ифективната клиника

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ вчера официјално објави дека најстариот син Данило е заразен со КОВИД-19.

Синот сега е на Инфективната клиника, а Вучиќ објави фотографија на неговиот профил на Инстаграм,  со емотивен опис дека неговиот првенец е заразен со коронавирус.

-Кога сѐ ова почна, мојот Данило ми кажа дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква, што е примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, те сакаме сите- стои под фотографијата.


View this post on Instagram

Када је све почело, мој Данило ми је рекао да предаја није опција. Мој првенац заражен је коронавирусом, а клиничка слика му је таква да је примљен у Инфективну клинику. Сине, победићеш ти то. Воли те тата, сви те волимо!

A post shared by Александар Вучић (@avucic) on