Синот на Александра Пријовиќ наполни две години: Балони, торти и бројни подароци за наследникот

Пејачката и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ со емотивни зборови му го честитаа роденденот на својот првенец, а потоа објавија дел од роденденската атмосфера...

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ денес го слават роденденот на својот син првенец, Александар, а двојката откри и како го изненадиле.

Со оглед на тоа дека се забранети собирите, пејачката пронајде начин како овој ден да го направи уште поубав, па на Инстаграм сподели видео од почетокот на прославата. Просторијата преполна со сини балони, но и подарокот кој нивниот наследник сам си го отвори, се дел од моментите кои ги сподели Александра на Инстаграм. Таа ја покажа и масата на која имаше и три убаво декорирани торти во чест на вториот роденден.

Пријовиќ на својот профил исто така сподели и фотографија од болница, која е направена веднаш по пораѓајот и напиша дека тоа било првата средба на Александар со камера.

Со фотографија од првите денови на Александар и со емотивна порака на Инстаграм се огласи и тато Филип.

Инаку, поради истите околности како и сега, двојката ниту минатата година не успеа да го прослави роденденот на својот син, но по видеата може да се заклучи дека семејната забава во домот на Живојиновиќ започнала од рано утро.