Синот на Балашевиќ се огласи за прв пат по смртта на неговиот татко: Нема тага, само среќа и вечност

Денес е премногу лесно да се биде славен, а јас не сум само дете на познати родители, туку дете на големи луѓе. Една уметничка династија, рече Алекса, синот на починатиот кантавтор

„Кога станува збор за тебе, нема тага или жалост, туку само среќа и вечност. Едноставно така“, напиша на социјалните мрежи Алекса Балажевиќ (27), синот на неодамна починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Алекса се огласи за прв пат по смртта на неговиот татко. Тој сподели фотографија од нив заедно на Инстаграм со емотивен опис.



Тој објави друга фотографија со својот татко на Инстаграм стори со истата порака.


Тој се восхитуваше на љубовта на неговите родители, Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ (61). Тие се неговата инспирација што го води низ животот.

„Денес е премногу лесно да се биде славен, а јас не сум само дете на познати родители, туку дете на големи луѓе. Божествени. Една уметничка династија, глобални авторитети“, рече тој порано за српски „Хелоу“.

Ѓорѓе Балашевиќ почина само неколку месеци пред 40-годишнината од бракот со сопругата Оливера. Неговата последна желба била да го слушне нејзиниот глас преку телефон само уште еднаш.

„ Љубовта на мојот Џоле и Оља е единствена. Не постои никаде во светот. Секогаш има шанси за добри и небесни луѓе“, рече Алекса во една прилика.

Ѓорѓе почина на 68 години откако се бореше со пневмонија. Српските медиуми пишуваа дека тој се бори против вирусот ковид-19 и дека неговата состојба одеднаш се влошила.


Фото: Инстаграм/djordje_balasevic_official

Можеби ќе ве интересира:

Животната приказна на Оливера Балашевиќ: Средбата со него засекогаш промени се!