Синот не сум го видела, ни слушнала 10 години, како во земја да пропадна: Секој ден му палев свеќа и плачев, а потоа заѕвони телефонот и чув: „Ало, мамо...“
Мајка која мислела дека нејзиниот син е мртов откако исчезнал пред повеќе од десет години во Франција, доживеала чудо кога открила дека е жив и здрав.
Џојс Кертис мислела дека нејзиниот син Николас умрел затоа што не го видела или слушнала од 2014 година. Последното нешто што знаела е дека тој патувал со автостоп во Франција и Шпанија, додека за време на пандемијата на корона вирусот се плашела дека се разболел и умрел .
Таа веќе долго време тагувала, одела во црква, запалила свеќи за починатите, а потоа добила телефонски повик дека е жив и е во болница на југот на Франција.
-Тој ден ми заѕвони телефонот, прво беше медицинска сестра која ми кажа дека син ми е жив и е во болница во Франција, а потоа го слушнав неговиот глас, ми рече „Мамо, како си, твојот Николас е тука“, пишува Дејли Мејл.
- Се тресев од возбуда. Не можев да поверувам. Мислев дека е мртов поради Ковид и се што се случува. Тагував по него. Мојот син инаку беше болен, имаше проблеми со белите дробови, тешка форма на астма. Кога ми се јавија да кажат дека е жив, бев во шок. Сè што можев да направам е да плачам цел ден. Тоа ми го направи Божиќ подобар, особено откако мојот сопруг почина во јуни“, рече Џојс на видеото на Фејсбук.
„Никогаш не се откажав од мојот син“, додаде таа.
Една година подоцна, Џојс го контактирала британскиот конзулат во Париз за да ја извести дека Николас бил примен во болница во Франција.
Телефонски разговор со син ми
- Разговарав со него по телефон. Изгледа здраво. Го прашав: „Дали се враќаш дома Ники и тој рече „Да“. Не можам ни да замислам низ што помина. Само сакам да го донесам дома – рекла таа.
Џојс сега се подготвува да отпатува во Франција, но вели дека сè уште не сака да ги подигне надежите додека не го види синот.