Сириската Македонка: Сузана Ал- Салкини, мис на Македонија, девојката со облини по денешни стандарди

Со право е една од најубавите Македонки, иако има потекло од Сирија. Родена е овде, а нејзината убавина ја крунисаа со Мис на Македонија во 2008 година и со тоа доби шанса да ја претставува земјата на Изборот за Мис на светот. 

Иако поради финансиски проблеми и недостаток на спонзорство не и беше овозможено да патува во Јужна Африка за да се натпреварува за круната, таа ја доби можноста во 2009 година, исто така во Јоханесбург, Јужна Африка. 

Од тогаш кариерата на Ал- Салкини започна во нагорна линија, па ја имаше на големите рекламни кампањи, едиторијали, модни ревии и насловни страници во нашата земја.

Сузана сака екстремни спортови, па неретко се случува да ја видиме во најразлични спортски изданија и на интересни спортски рути.

Едно време замина во Дубаи, но се врати и се посвети на актерството. Имаше неколку забележителни и успешни улоги во македонските народни приказни.

Иако денес не е премногу активна со манекенството, сепак ја има. Неодамна сликаше фотосесија за колекција од наша модна дизајнерка.

Сузана изгледа заводливо, секси, има фантастични облини и извајано тело, па по денешните стандарди за убавина таа секако заслужува големо внимание. 

Исклучително е талентирана. Слика прекрасно, пишува поезија, ја сака уметноста во сите форми.


Фото: ФБ