Сиромашни мајки со многу деца се неодговорни и нема да им помагам: Изјава на популарна руска спортистка

Прославената руска гимнастичарка Каролина Севастијанова се појави на насловните страници на светските медиуми, но не поради нејзините спортски успеси, туку поради грубите зборови и ставови за сиромашните семејства со многу деца.

Каролина предизвика бурна реакција во јавноста кога на Инстаграм изјави дека финансиски загрозените мајки се „неодговорни“ затоа што раѓаат деца, а не можат да си го дозволат тоа.

25-годишната девојка додаде дека бременоста денес лесно може да се спречи, а сето тоа го презентираше како одговор на прашањето зошто таа одбива да им помогне на сиромашните родители кои имаат многу деца.

Каролина рече дека наместо тоа, парите ги дава на групи за заштита на животни и разни добротворни организации.

Ова мислење го изрази на својот Инстаграм профил, каде ја следат повеќе од 600 илјади луѓе, во рамките на „прашања / одговори“.

„Овие луѓе сами одлучиле да бидат толку неодговорни. Ние не живееме во камено доба каде прашањето за бременост не може да се контролира. Кога веќе знаете дека не можете да се грижите за едно дете, зошто имате второ, трето, четврто? Дали е воопшто фер кон децата кога знаете дека не можете да им дадете добра иднина? “, рече спортистката.

Таа додаде дека не се чувствува одговорна за туѓите постапки.

Инаку, Каролина освои олимписки медал во групна гимнастика во 2012 година, а исто така беше шампион во истата дисциплина две години порано на Младинските олимписки игри. Сега таа се повлече од овој спорт, и активно се занимава со моделирање.

View this post on Instagram

A post shared by Karolina (@karolisha.s)


 Уште во 2015 година се појави на насловната страница на руското издание на списанието „Максим“.

извор: zenskikutak.rs