Сите чекаа да слушнат што мисли: Реакцијата на поранешниот сопруг на Меган Маркл за документарецот кажува повеќе од зборови

Добивај вести на Viber

Во последните неколку дена сите светски медиуми пишуваат за документарниот филм на принцот Хари и Меган Маркл, кој толку долго се најавуваше и очекуваше.

Првите три епизоди од серијата од шест дела беа објавени на 8 декември, а поради нив стриминг платформата Нетфликс еден период падна. Се чини дека и покрај се‘, популарноста на кралската двојка не се намали премногу со текот на годините

Инаку, раните контроверзи се појавија во понеделникот откако нов трејлер покажа снимка од покојната принцеза од Велс, Дијана, како бега од папараците.

Набргу по прикажувањето на фотографијата на Дијана, се слуша како војводата од Сасекс вели: „Тоа е валкана игра. Болката и страдањето на жените кои ќе се венчаат во оваа институција - групен напад врз жртвата“. По овој пасус Меган вели дека „сфатила дека никогаш нема да те заштитат“, а Хари продолжи: „Бев преплашен. Не сакав историјата да се повтори“.

Сепак, употребата на клиповите поттикна неколку поранешни кралски соработници да ги нападнат Хари и Меган, пренесува The Telegraph, кој вели дека парот не доживеал ниту еден инцидент на медиумски упад на кој било начин да се спореди со Дијана.

Секако, коментарите вртат од сите страни, а на сето тоа свој одговор даде дури и поранешниот сопруг на Меган Маркл, Тревор Енгелсон.

Имено, фотографите го фотографирале како излегува од ресторан во Лос Анџелес со неколку пријатели токму во моментот кога требало да бидат објавени првите епизоди од документарецот на неговата поранешна сопруга. Го прашале дали сака да гледа, а тој само се насмеал на тоа.

Инаку, филмскиот продуцент моментално е во брак со нутриционистката Трејси Курланд, а заедно имаат две деца. Тој беше во брак со Меган од 2011 до 2013 година, а според пријателите на двојката до разводот дошло затоа што постојано биле разделени.

Меган доби голема актерска можност во серијата „Suits“ која ја снимаше во Канада, а за тоа време Енгелсон беше во нивниот дом во Лос Анџелес каде правеше ангажмани во Холивуд.

Тие официјално се разведоа во 2014 година, наведувајќи ги непомирливите разлики. Американските медиуми пишуваа дека Меган го „згазила“ екс сопруотг и по пошта му го испратила венчалниот дијамантски прстен.


Фото: Printscreen

Моментот кога Меган Маркл ја исмева кралицата ги налути Британците: Хари замрзнато ја гледа (ВИДЕО)