Сите довикуваа „Еве ја војвотката“: Убавата Габриела е двојничка на Кејт Мидлтон и заработува вистинско богатство од тоа
За еден ден работа како двојничка на Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, Габриела заработувала просечно по илјада фунти.
Габриела Мунро Даглас дури и самата не сфаќала колку личи на Кејт Мидлтон сè додека минувачите не почнале да ѝ довикуваат: „Еј, еве ја војвотката!“.
Тогаш нејзината мајка ја посоветувала дека може да заработи големи пари како двојничка на Кејт.
Габриела веднаш договорила бројни јавни настапи преку агенцијата за двојници, па решила да ја напушти работата како дизајнер на мебел, на која работела дотогаш. За да изгледа како војвотката што е можно повеќе, Габриела работела на нејзиниот стил и начин на шминкање, а нејзините напори вродиле со плод.
За еден ден работа како двојничка на Кејт, таа заработувала просечно илјада фунти. Наскоро успеала да си дозволи се што сонува - гардероба, патувања и конечно луксузен дом. И покрај тоа што било возбудливо, таа наскоро се изморила живеејќи го животот на некој друг, дури и ако во прашање е животот на војвотката.
„Беше многу забавно и возбудливо да се претставите себеси како сопруга на принцот Вилијам. Ова ми овозможи да го купам мојот прв имот во Лондон. Јас сум неверојатно благодарна на Кејт и мајка ми кои ме охрабри да го сторам ова“, изјави Габриела, која стана мајка на близначки.
Таа и нејзиниот партнер Мајкл живеат во Лондон токму во стан купен од хонорар што го заработила како двојничка на војвотката, пишуваат светските медиуми.
извор:GLOSSY
Сте видели ли понежен и поубав: Кејт Мидлтон за десетгодишнината од бракот одбра совршен пролетен фустан
Стил на денот: Чизмите од кои Кејт Мидлтон не се одвојува 17 години