Сите мажи во 80-тите имаа нејзини постери во соба: Еве што прави и како изгледа денес убавицата која ја прогласија за најлоша актерка на векот

Добивај вести на Viber

Таа беше една од најатрактивните актерки во 80-тите, а сега ја критикуваат поради нејзината одлука природно да старее.

Бо Дерек, родена како Мери Кејтлин Колинс, го прослави својот 68 роденден. Актерката која остана запаметена по улогата на Џејн во „Тарзан“ од 1981 година, а нејзините секси постери красеа многу машки соби во осумдесеттите.


Но, нејзината кариера не беше успешна, па ги доби наградите „Златна малина“ за неколку нејзини улоги, како и номинација за „најлоша актерка на векот“.

Во 2020 година се омажи за Џон Корбет, кој остана запаметен по серијата „Се*с и градот“, пишува Yahoo.


Дерек ја напушти глумата, а сексапилот ја напуштил. Таа се населила на ранчот во Калифорнија и станала републиканка. Многумина ја критикуваа поради нејзината одлука да старее природно.


- Не е лесно да старееш, а Бети Дејвис беше во право кога рече дека стареењето не е за слабо срце. Има одредени очекувања. Од една страна ми честитаат затоа што никогаш не го затегнав лицето, а од друга се згрозени што не го направив тоа. Јас сум растргната помеѓу тоа, но се трудам да се држам себеси зафатена. Имам други интереси, па не размислувам за тоа – изјави тогаш таа.


ФОТО: Јутјуб/инстаграм принтскрин