Сите мислеа дека се скарани: Велевска и Гавазова со заеднички настап

Добивај вести на Viber

Двете фолк диви најавија заеднички настап. Сузана Гавазова и Елена Велевска во сабота, 16 мај со почеток во 20:00 часот ќе им приредат заеднички концерт на фановите.

Бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој најавен концерт паѓаат во вода.

Сузана Гавазова неколку недели наназад прави лајв концерти за фановите. За Женски магазин пред извесно време таа сподели дека ќе продолжи со концертите, за како што вели таа барем за момент граѓаните да заборават на коронавирусот и да ги развесели.