Сите нè осудуваат бидејќи го очекуваме 12-то дете: Но, ова е вистината

Мојот сопруг имаше 12 години кога се роди мојата прва ќерка, а сега го чекаме нашето 12-то дете!

Бритни Чрч (32) е мајка на единаесет деца со 12-то бебе на пат. Само пред една година роди тројки - Оливер, Ашер и Абел, а сега на пат е ново бебе, кое го чека со сопругот Крис (29).

Таа ја сподели приказната за своето семејство на ТикТок.

- Ова е мојата најстара ќерка, Крисман. Таа е родена шест дена по мојот 16-ти роденден, мојот сопруг имаше 12 години кога се  роди таа. Помала е разликата помеѓу Крисман и Крис, отколку помеѓу Крисман и неколку нејзини браќа и сестри, за нас е навистина смешно - рече Бритни.

Бритни сподели дека во еден момент користела 600 пелени на неделно ниво.

На прашањето дали планира повеќе деца, таа вели:

- Мислам дека никогаш нема да имаме повеќе од 15 деца. Иако, никогаш не помислив дека ќе имаме 11 - вели таа.

Таа, исто така вели дека сите на Интернет ја критикуваат поради големото семејство.

- Луѓето претпоставуваат многу за нашето семејство, а ништо од тоа не е точно. Ние сме како и сите други семејства - вели таа.

Бритни ја добила Крисман со нејзиниот прв сопруг, а потоа и Џордан, Калеб, Џејс и Каденс. Тие се развеле во 2010 година.

- Во тоа време имав една незауздана фаза, од која дојде моето шесто дете, Џесалин. Тоа беше во 2012 година. Три години подоцна, бев самохрана мајка, а потоа го запознав Крис. Со него имам уште пет деца и го чекаме шестото - вели таа.

@ourlargefamilylife

Reply to @axel0306  #greenscreen #ourlargefamilylife

original sound - Britni Church


Видео и Фото: ТикТок

Можеби ќе ве интересира:

По десет години неплодност добиле девојче па четворка: Сопругот поцрвене од шок кога ја слушна веста