,

СИТЕ ВО ОХРИД: ДОАЃА И МАСИМО!

Кога се супер вокалите во прашање, одиме понатаму!

Пред да имаме можност да уживаме во настапот на најдобриот италијански пејач на светот ZUCCHERO во Охрид на 25ти јули на Античкиот театар, се погриживме, некаде на отворањето на туристичката сезона да имаме задоволство да го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на балканот во моментов, маестралниот Масимо.

Се разбира, за неговиот беспрекорен перформанс да може да се доживее како што треба, локацијата ќе биде Антички театар- совршеното место за ваков тип на концерти, на 14-ти јули.

Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија, и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следните песни: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“ ...

Концертот на Масимо во Охрид е, освен нашите традиционални спонзори за оваа година, помогнат и со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работиме таму оваа година.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај, во 21 часот.