Сите зборуваат за нејзините чевли: Јелена Ѓоковиќ вчера се појави во најдоброто издание како совршена деловна дама (ФОТО)
фото:screenshot
Јелена и Новак Ѓоковиќ во вторникот го посетија Саемот за образование и штандот на Министерството за образование, наука и технолошки развој, а нивниот изглед ги воодушеви присутните на овој настан.
Двојката беше одлично расположена и подготвена за дружење и муабет, а во фокусот беше фантастичното модно издание на г-ѓа Ѓоковиќ.
фото:Profimedia
Стилот на Јелена често предизвикува дебати - додека дел од јавноста смета дека таа е брилијантно стилизирана, секогаш скромно и ненаметливо, некои тврдат дека ѝ недостига иновативност и креативност во стилот.
Бог да чува, се облекла како да оди да плати сметки во пошта
Како и да мислите, Јелена вчера се појави во совршена облека, едноставна, елегантна и софистицирана. Изгледа дека е верна на деловниот стил во важните прилики, па така беше и овој пат - и навистина не погреши.
Избрала сиво здолниште со молив крој и миди должина, кое е украсено со дупли сребрени копчиња, а го комплетирала со едноставна, светло сина кошула.
Изданието го збогати со интересен, скап накит - рачен часовник со црно кожено ременче, низа нараквици и комплет ланчиња и обетки со светкави цветови.
Сепак, најмногу ни се допаднаа нејзините чевли - чевли во боја на кожа, со отворена и помала потпетица, многу префинети и лесни за комбинирање, а визуелно ја издолжуваат ногата.
извор:zenablicИ јас малку да уживам со сопругот: Јелена Ѓоковиќ сподели неодоливи моменти од одморот со Новак