СКОПЈЕ ПОВТОРНО СО НАЈМНОГУ ЗАРАЗЕНИ: Денешната вкупна бројка може да достигне 200 позитивни на Ковид-19

Во Скопје и денеска кривата оди во нагорна линија, дознава Фактор. Според последните информации во главниот град има најголем број новозаразени со коронавирусот, и тоа од претходно споменатите општини, кои се сметаат за жаришта. Сепак, официјалната бројка се уште не ја потврдуваат, бидејќи се чекаат резултати од тестовите направени во уште неколку приватни лаборатории, како и од Тетово.

Според епидемиолозите, овие бројки и денеска се очекувани, но велат дека веќе од утре, односно задутре бројот на нови заразени со корона вирусот би требало да опаѓа.

Дали и кои мерки ќе се превземат, ако бројот на новозаразени продолжи да расте, прочитајте на Фактор.мк.