Славната актерка се претстави како маж: Викајте ме „тој“

Актерката Елен Пејџ, која беше номинирана за Оскар, сега изјави дека се смета себеси за трансродово лице. Поточно, дека таа е маж заробен во женско тело.

Имено, актерката што се омажи за нејзиниот партнер, актерка и кореографка, Ема Портнер, во 2018 година, сега сподели емотивна порака на социјалната мрежа Твитер во која откри дека се чувствува како трансродово лице, и им порача на сите отсега да и се обраќаат во машки род.

„Јас се викам Елиот. Среќен сум што можам да го напишам ова. За што можам да бидам тука. Дека ја достигнав оваа фаза во мојот живот “, го започна своето обраќање актерката со овие зборови и додаде:

„Благодарен сум им на сите прекрасни луѓе кои ме поддржуваа за време на моето патување. Не можам со зборови да опишам колку е убаво кога конечно се сакате доволно за да станете она што навистина сте. На сите транс луѓе кои се борат со малтретирање и не се сакаат себеси, сакам да им кажам дека ги гледам и дека ги сакам и ќе направам се‘ што можам за да го направам овој свет подобар “, рече трансродовата актерка.



Фото:Steve Mack / Alamy / Alamy / Profimedia