Славната пејачка (76) се бакна пред сите со 40 години помладото момче: Само едно имаше да им порача на шокираните лица (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Музичката легенда Шер дојде со своето ново момче Александар Едвард на претставувањето на новата колекција есен-зима на модниот бренд Версаче. Воедно, ова е прв пат парот да се појави заедно во јавност.

Шер (76) заедно со 40 години помладото момче им позираше на фотографите, а потоа го бакна Александар.

View this post on Instagram

A post shared by Samuel Monteiro da Cruz Junior (@samueljuniorbf)



Пејачката и нејзиното ново момче предизвикаа големо внимание во ноември минатата година кога првпат беа видени заедно. Според „Дејли мејл“, Шер е свесна за реакцијата на околината, но не ја интересираат советите и мислењето на луѓето.

View this post on Instagram

A post shared by HollywoodCiak (@hollywoodciak)



На ревијата на брендот Верасче, пејачката се појави во виолетов едноделен костим украсен со нитни.




Целиот аутфит е комплетиран со светкава виолетова јакна и полу-длабоки чизми со паткин клун, кои се инспирирани од моделите од шеесеттите години на минатиот век.


ФОТО: Инстаграм