Слобода Миќаловиќ е прогласена за најубава природна актерка во светот: Дури и Моника Белучи ѝ оддаде признание

Добивај вести на Viber

Со години важеше за една од омилените и најубавите на овие простори, а сега доби и официјално светско признание.

Американскиот портал „Beautiful Women Pedia“ ја прогласи српската актерка Слобода Миќаловиќ за најубава природна актерка во светот.

На списокот со најубави природни актерки на порталот, српските жени заземаа позиции и порано, но Слобода сега го зазеде првото место на листата.

Некои од познатите личности кои беа на нивните списоци се Наташа Беквалац, Билјана Типсаревиќ, Ана Кокиќ, Софија Милошевиќ и многу други.

За жените од овие простори, американците секогаш изјавувале дека „добиле генетски џекпот“, како и дека мажите во нив „лесно можат да се заљубат и неколку пати на ден“. Понатаму е наведено дека „зборот здодевна не постои во нивниот речник, тие се мистериозни, имаат полни усни и се многу згодни без оглед на возраста“.

Убавата Слобода привлекува големо внимание, па дури и Моника Белучи и коментираше на една од нејзините фотографии.

View this post on Instagram

A post shared by Sloboda Micalovic (@sloboda_micalovic_boba)


извор:alo.rs

Читајте и:

-(ФОТО) Парче од рајот: Оазата на мир и љубов на Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ
-Војин Четковиќ прв пат проговори за ќерките: Славата е немилосрдна, никој не се грижи што ќе остави трага врз моите деца