Случајот со гинекологот „Магична Фрула“ продолжува да ја тресе Европа: Ги поттикнувал пациентките на сексуални односи со ветување дека на тој начин ќе ги излечи

Пред неколку дена, бизарната приказна за случајот со италијанскиот гинеколог Џовани Миниело (68) од Бари, кој ги поттикнувал пациентките на сексуални односи со ветување дека на тој начин ќе ги излечи од ХПВ вирусот, ги обиколи медиумите низ цела Европа.

Целиот случај во јавноста го обелодени италијанското шоу „La Iene“ кое истражува сомнителни активности, а за снимањето ангажирале актерка која го посетила Миниело како пациентка.

Докторот ѝ рекол дека има ХПВ вирус, иако резултатите од тестот се негативни и дека може да ја излечи доколку спие со него, односно на тој начин да го пренесе имунитетот што го стекнал со вакцинација против споменатиот вирус.
Актерката се согласила на оваа понуда, по што се сретнала со гинекологот во хотел, каде тој ја уверил додека се соблекувал дека по сексот со него повеќе нема да го има вирусот. Го замолила и да стави кондом, на што тој одговорил дека тоа е бесмислено бидејќи тогаш нема да има никаква корист од антителата.

Но, пред да започне сексуалниот однос, новинарот влегол во собата и го изненадил полуголиот лекар, кој рекол: „Ова го правам за потребите на моите студии - и за сите луѓе што ги спасив“.

ВИДЕО:


Миниело беше уапсен по емитувањето на емисијата, под обвинение за сексуално насилство врз двајца пациенти, од кои едната жртва пријавила во септември 2019 година, а другата во јуни 2021 година. Јавниот обвинител побарал гинекологот да биде приведен додека трае истрагата, но на крајот судијата му одреди куќен притвор. 

„Иако казната затвор е соодветна и пропорционална на тежината на делата за кои станува збор, тоа не е неопходно во конкретниот случај, но може да се преземат мерки на претпазливост со куќен притвор, што е подеднакво погодно за ограничување на личната слобода и спречување контакт со потенцијални пациенти и спречување нови можности за повторување на делото“, ја објасни својата одлука судијата.

Истрагата и изјавите на пациентите кои биле жртви „откриваат добро осмислен систем што осомничениот го воспоставил, користејќи ја довербата што го карактеризира односот лекар-пациент, како и ранливоста на пациентот“.

Во судските документи понатаму се наведува дека Миниело „користејќи ги условите на психолошка инфериорност на жртвите, намерно предизвикани од предвидување на онколошка болест, дури и со фатален исход, водел своја криминална програма со цел да постигне сексуално задоволство“.

Инаку, по медиумската врева што ја крена целиот случај, самиот Миниело побара да биде избришан од стручниот регистар на лекари, сметајќи дека тоа ќе му помогне. Сепак, според истражниот судија, „тоа нема да го исклучи ризикот од повторување на делото“.

извор:zena.blic.rs