Снежни лудории, па топла супа по скијањето на Маврово: Ребека сподели како ужива со семејството

„Мама е среќна иако со две кациги на рака скија цел ден“ - напиша Ребека Јанковска - Ристески - пејачка и претседател на здружението „Дајте ни крилја“.

Таа моментално е со своето семејство на Маврово каде што уживаат во снежните лудории. А се разбира после целодневно скијање, следува вкусна топла супа, па на една од фотографиите ги гледаме пораснатите близнаци кои уживаат во неа.

Ребека сподели низа фотографии и видеа од Маврово каде го поминува времето со трите сина - близнаците и Маркијан, и нејзиниот сопруг.


Им благодарам на Господ и Св. Лазар што се разбуди Маркијан: Ребека за најболната ноќ во животот