Со маска и на плажа и само 15 гости на 100 метри квадратни - угостителите се жалат, нема да се исплати

Онака како што сега изгледаат протоколите за работа на плажите и базените, тешко дека со нивно стриктно почитување ќе може да се обезбеди рентабилно работење. Ова се првичните неофицијални реакции од концесионерите и менаџерите на плажите на охридското крајбрежје до кои дојде Фактор, а кои се однесуваат на новите протоколи за работа на плажите и базените, кои Владата ги усвои на вчерашната седница.

За овие угостители е најмногу спорен условот според кој на плажите ќе смее да има масимум 15 лица на 100 метри квадратни.

„Тоа значи дека на пример, доколку една плажа има 1.000 метри квадратни, на неа ќе смеат да бидат присутни максимум 150 посетители. А инаку, во редовни околности, на овие плажи има меѓу 500 до 600 гости. Тоа значи дека ние ќе можеме да опслужиме многу малку гости, односно нашиот капацитет ќе биде намален за околу 80 отсто, што би го направило нерентабилно нашето работење“, вели менаџер на една плажа во Охрид со кого разговараше Фактор. Тој вели дека, сепак, сака да почека да види како конкретно ќе изгледаат протоколите, со оглед што засега новите правила се објаснети само преку владино соопштение.

Тој додава и дека овој протокол е во колизија со Протоколот 33 за организирање на музички настани. Всушност, како што објаснува овој менаџер, многу плажи на потегот од Охрид до хотелот „Инекс Олгица“, како и во Градиште, не се само обични плажи, туку организираат и музички настани, како што се присуство на бендови, ди џеи и слично.

На што треба да внимаваат угостителите, кои протоколи треба да се почитуваат прочитајте на Фактор.мк