Со минус 45 килограми: Адел го прослави 33-от роденден во никогаш подобра форма (ФОТО)

Британската пејачка Адел вчера го прослави својот 33 роденден! 

Во јуни 2007 година, пејачката се појави на телевизија за прв пат, а една година подоцна го издаде својот прв албум. Од моментот кога се појави на сцената до денес, нејзиниот изглед претрпе неверојатни промени.

По повод нејзиниот 33 роденден, Адел сподели серија приватни фотографии на својот Инстаграм профил, што ретко се случува.

На фотографиите Адел скоро и да не личи на себе. Бројни следбеници ѝ честитаа во коментарите и останаа воодушевени од тоа колку е ослабена пејачката.

На црно-белата фотографија, пејачката позира без никаква шминка. Таа објави и фотографија на која позира со раширени раце во морето, а на последната танцува со пуштена, брановидна коса.

Не се знае уште колку килограми изгубила од оние 45 што е познато. Во секој случај, мнозинството од јавноста се согласува дека таа никогаш не изгледала толку лудо добро и се чини дека ужива во тоа по разводот.

Инаку, Адел започна драстично да слабее по разводот со милионерот Симон Конецки, со кого има син и со кој се омажи во потполна тајност. 

извор: atvbl.com / wanted.mondo.rs