Со Monsters ќе ја освојува Европа: Тамара за новата песна

Добивај вести на Viber

По неколкумесечна пауза, Тамара се враќа на европската музичката сцена со нова песна насловена Monsters. Позади песната стои истиот тим кој работеше на евровизиската PROUD. 

- Последните неколку месеци се посветив на снимањето на мојот нов албум, а Monsters е само мала најава за она што ќе следи во наредниот период. Албумот го работам со Роберт Билбилов, Дарко Димитров и со Лазар Цветковски. Македонските текстови ги пишува Игор Џамбазов, а за англиските е задолжен Коста Петров - информира Тамара. 

За новиот проект поп-ѕвездата сними и интересена фотосесија која на социјалните мрежи ја најави со кратко видео.