Со надеж дека нема да ѝ се случи на ниту една жена: Тешка приказна на мајка по природното породување

Имено, првпат се породив во Народниот фронт со царски рез пред две години.

Иако породувањето заврши со итен царски рез, можам да кажам дека тоа за мене беше прекрасно искуство, благодарејќи на прекрасната докторка која ми ја водеше бременоста и ме породи и која во таа установа е една од ретките кои, покрај стручноста, го поседува и она што можеби е најважно за тој повик, а тоа е човечноста, хуманоста и совеста.

Втората бременоста исто така ми ја водеше она, но за жал, не беше присутна за време на породувањето.

Пред повеќе од еден месец бев примена во породилното одделение со намера повотрно да се направи царски рез, бидејќи првиот ми беше пред само две години. Меѓутоа, дежурните доктори и покрај моите индиректни молби да се направи царски рез, ме породија вагинално, со притискање и туркање на стомакот.

По неколку дена добив болки во стомакот и ги пријавив на докторката во попладневната блиц визита, која од врата ми кажа дека тоа не е од породувањето и дека треба да шетам. Утредента не пуштија дома, а болките продолжија. Со оглед на таа усмена „дијагноза“ од докторката од визитите и на болката во десниот дел од стомакот, се обратив кај хирург кој се посомнева на воспалување на слепото црево и итно ме упати во Ургентниот центар. Таму ме задржаа и за време на операцијата открија дека имам внатрешно крварење поради пукната матка, токму на местото на лузната од првиот царски рез.

За среќа, благодарение на докторот од Вишеградска, операцијата помина добро. Јас сѐ уште закрепнувам. Процесот е бавен и болен и со големи напори го дојам бебето и неможноста да го подигнам и носам. Во исто време сум среќна од ваквиот исход, со оглед на тоа што можеше да се случи.

Јас би ги советувала сите малку кои се породиле со царски рез да не се согласуваат на природно породување. И би сакала на актерите од ова лошо искуство да им посакам поголема човечност, совест и одговорност, бидејќи само тоа може да ги спречи да не ја повторат истата грешка. Знаењето и стручноста која ја имаат без овие доблести не ги прави доктори, ниту пак луѓе.

Извор: yumama.com