Со оваа девојка Машин Ган ја изневерил Меган Фокс? Се огласи и актерката, па сите ги натера на размислување (ФОТО)
Насловно фото: Printscreen/Youtube
Во јавноста како бомба одекна веста дека Меган Фокс и нејзиниот вереник Машин Ган Кели повеќе не се заедно Судејќи по профилот на Меган на Инстаграм, тоа е тоа, на врската и дојде крајот. Споделените слики беа избришани, Меган го следела својот поранешен на Инстаграм и остави значајна порака: „Се чувствува неискреноста, ја има насекаде“.
Од оваа објава можеме да погодиме како Меган ја открила измамата. Обожавателите беа толку љубопитни што сега го бараат виновникот за раскинувањето на оваа позната двојка.
Сега се пишува дека пејачот ја изневерувал со заедничката пријателка, гитаристката Софи Лојд, која исто така свири во бендот на Кели.
„Веројатно бил со Софи“, напиша еден следбеник, додека друг додаде:
„Кога таа првпат почна да свири со него, тие цело време флертуваа“.
Меган брзо одговори на нивните коментари, пишувајќи:
„Можеби јас бев со Софи.“
Меган ги избриша повеќето од фотографиите со својот вереник, вклучувајќи ја и фотографијата со која ја прослави неговата номинација на Греми. Таа престана да го следи и на Инстаграм, а наместо тоа го заследи раперот Еминем со кој нејзиниот вереник веќе некое време е во конфликт. Таа објави и свои провокативни фотографии, како и видео во кое запали писмо, за кое многумина веруваат дека е напишано од Машин Ган Кели.