Со шеикот со денови била заклучена во соба, достапна 24/7: Како ја плати цената на љубовта?!

Кога се запознале, шеикот Хашоги веќе бил оженет и татко на пет деца, но имал право на 11 жени „од задоволство“. Наскоро ТАА стана една од нив.

Харемите на саудиските шеици секогаш го привлекувале вниманието на јавноста. Но, она што се случува таму отсекогаш била мистерија која донекаде ја разјаснува книгата на 60-годишната Џил Дод што ја објавила во 2017 година, но неодамна таа открила и нови детали.

Денес, Џил е попозната како успешна деловна жена и основач на модниот бренд Рокси, но во текот на осумдесеттите години од минатиот век таа беше една од девојките во харемот на саудискиот шеик и дилер на оружје Аднан Кашоги. Дод го запознала Кашоги на забава во Париз кога имала 21 година. Тој и пришол и ја замолил да танцува. Во тој момент, таа не знаела со кого танцува, тоа го дознала подоцна. Во тоа време, Хашоги имал четири милијарди долари и многумина верувале дека тој бил најбогатиот човек во светот во тоа време.
Славниот Саудиец бил најпознат дилер на оружје кој соработувал со многу земји, производители на оружје, но и приватни клиенти од целиот свет. Џил пак работела како модел во моментот кога го запознала. Таа била заинтригирана од неговиот ексцентричен начин на привлекување на нејзиното внимание, особено во моментот кога скршил чаша шампањ кога танцувале. Откако седнале, тој напишал „Те сакам“ на нејзината рака. „Немав идеја кој е тој, но навистина ми се допаѓаше“, вели таа.

Кога се запознале, Хашоги веќе бил оженет и татко на пет деца, но имал право на 11 жени „од задоволство“. Наскоро Џил станала една од нив. 

Живеела во неговите одаи во Саудиска Арабија и го чекала својот ред да има секс со богатиот човек. Тие уживале заедно навечер, а тој ја носел на најлуксузните забави. „Ќе се заклучевме во соба и водевме љубов со денови, јадевме, готвачот ќе ни донесеше храна, ќе земевме кокаин и ќе спиевме кога сакаме“, изјави Џил за „Индипендент“ пред неколку години, а оваа година откри претходно непознати детали.
Пред да стапат во врска, таа потпишала петгодишен договор со него. Во него стоело дека тој ќе се грижи за неа апсолутно во сите аспекти, но таа ќе мора да му биде достапна 24/7. Таа го прифатила ова и во почетокот не била љубоморна на другите жени во харемот, но откако и била дијагностицирана анксиозност, таквиот живот започнал да и е одбивен. Откако видела на раката на друга жена идентичен прстен како нејзиниот, сфатила дека тоа не е животот со милијардерот за кој сонувала.

„Раскинавме наскоро после тоа и ми олесна бидејќи сфатив дека трчањето по среќа поради пари е како да трчам по мојата сенка“, рече таа. Своето искуство го објави во книгата „Цената на Љубовта: храбро патување за наоѓање љубов“ во 2017 година. После харемот, таа целосно го сменила животот.
Се омажила и имала три деца. „Никогаш не сум се сметала себеси за курва и сè уште не размислувам за себе така“, вели таа. Нејзиниот тогашен љубовник, контроверзниот Аднан Хашоги почина неколку дена по објавувањето на нејзината книга.

извор: vecernji.hr