Со вашите теории на заговор ќе го убиете медицинскиот персонал, потоа лечете се сами: Д-р Каламарас со јасна порака

Доктор Патриција Каламарас, која работи на инфективното одделение во Градската општа болница „8 Септември“ со многу јасна и прецизна порака излезе пред граѓаните што не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Ова следуваше и откако вчера беше официјално потврдена одлуката дека дел од персоналот во оваа болница е позитивен на коронавирусот. 

Еве што напиша докторката на својот фејсбук профил, веројатно откако ги виде колоните автомобили кои во четвртокот попладнето го напуштија главниот град, заминувајќи кон Охрид и другите туристички дестинации во земјава.

„Сакам да упатам порака до сите граѓани кои не ги почитуваат препораките

Дали мислите дека.со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашите теории на заговор 5Г и политички препукувања ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд , одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот, со обвинениа дека се е измислица и дека ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас?

Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети?

Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас?

Уште колку време треба да помине за да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта?

Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас?

Дали сте свесни дека здраствениот персонал е на работ на силите?

Ќе се лечите сами?

А лекови?

Заштитна опрема?

Медицински персонал?

Поцна да се разболува персоналот.

А зошто?

Затоа што вирусот не постои ?

ЕДНИ ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ОД ИМЕТО НА ЦЕЛИОТ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ ЗА ВАШАТА ПОЧИТ КОН НАС

ЕТЕ СО ВАШИТЕ ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР УБИЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПЕРСОНАЛ ПА СО ВАСХИТЕ ТЕОРИИ КЕ СЕ ЛЕЧИТЕ САМИТЕ“, напиша на фејсбук доктор Каламарас.