Со виолината прави магија: Приказната на Виктор Серафимовски и неговите познати кавери
За виолината велат дека најдобро ги пренесува човечките емоции. Директен мелем за срце која најбрзо од сите инструменти ги отвара тие врати на емоции во сите нас.
Виктор Серафимовски или попознат како Викса е харизматично момче кое прави магија со виолината. Ако сте чест “гостин“ на социјалната мрежа Инстаграм, досега веројатно сте ги слушнале неговите познати кавери, преработки на познати забавни песни од различен жанр.
Свири виолина и од истата заработува за живот. Често може да го сретнете во скопските кафеани, каде со својот бенд ги забавува гостите, а за своја душа и лично задоволство ги создава каверите во кои сигурно би уживале и вие.
Како почна приказната на Виктор и виолината...
„Се почна така неочекувано .. бев ученик во музичкото школо.. додека се враќав накај дома поминував покрај една кафана кај што бев
повикан од еден непознат човек. Ми пријде и ме праша што ми е тоа во куферот.
Јас му кажав дека сум виолинист, а тој веднаш ми го побара бројот за соработка. Целата ситуација на стар ми беше чудна, па како што е редот го прашав за што станува збор за каква музика, а тој ми кажа
дека е за народна. Јас му кажав дека немам искуство и незнам да свирам народно, на што тој само се насмевна и ми рече „Не се секирај се ќе научиш и така почна сѐ“.
Како ученик пеел додека цртал, учителката го забележала неговиот талент, па следен чекор било негово пробување во музиката.
Таму се пронашол, а бидејќи во неговото семејство никој не се занимава професионално со музика, Виктор мисли дека судбината си го направила своето.
„Долго време свирам свирам народно заради тоа што од тоа егзистирам. Но, во мојата душа се вртат различни жанрови, бев доста ангажиран и немав време да се занимавам со тоа што го сакам. Каверите кои ги правам се продукт на тие ретки моменти кога имам време да свирам за себе. Еден другар ги слушна и ми предложи да ги споделам со сите вас. Па кога го постирав мојот прв кавер реакциите беа многу позитивни. Дури се изненадив дека почнаа да ме викаат за прослави во тој стил. Тоа внимание ми годеше и решив да продолжам. Имав голема поддршка од непознати и познати личности што ги знам и ми беше задоволство. Така да ќе продолжам да објавувам уште такви“ - ни откри Виктор.
Виктор е член на групата Мерак, прилично нова група која на музичката сцена излезе по пандемијата а е составена од 5 члена, која како што ни кажа соговорникот е група со надеж и волја за работа.
Бурниот ноќен живот го балансира со спорт
Со тоа што е ангажиран доста околу работата, а работи навечер со различни луге кои имаат различни желби за третман... мора да
си насмеан и весел така што јас го најдов издувниот вентил во спортот иако
спортот бил секогаш дел од мојот живот.
Одам во теретана, трчам на кеј, се качувам на Водно, сѐ во рамките на
можноста.
„Вежбам секој ден, за да бидам спремен да дадам позитивна енергија на работа, но тоа и ме одржува во живот. Спортот ми е важен за да функционирам психички и физички“, вели овој млад музичар.
Виктор за 10 години од сега се гледа некаде на егзотично место со коктел во рака и лежалка, но што ќе му донесе реалноста вели дека ќе остави на судбината
Најголем мотив кој го турка напред во животот е неговата публика, поддржувачи, љубовта и секако најблиските.
Виктор е вљубен, иако сака приватниот живот да го држи подалеку од очи на јавноста, жал ни е што ќе ги разочараме дамите, но ни откри дека има девојка.
„Моментално сум во врска со девојка од Србија, среќен сум, патувам често и се бориме за нашата љубов. Но, тоа е за некое друго интервју зошто е доста долга тема. Приватно ми е битен мирот, добрата храна, и квалитетни луѓе.
За него вели, во денешно време е предизвик да се најде компатибилна личност, која го прифаќа начинот на живот што го живее.
А што му фали на ноќниот живот во метрополата...еве што вели Виктор...
„Пред сѐ на градот му треба повеќе култура и повеќе разновидни содржини на забава, премногу преовладува српската музика и слични жанрови, но ние сме Балкан така да тоа е што е. За промена би сакал во иднина да наметнам некаква програма за да биде нешто поразлично па ќе видиме како тоа ќе биде прифатено, вели за крај во интервјуто за Женски магазин, младиот Виктор Серафимовски.
Ирена Ставрова