Социјалните мрежи се виновни за пореметувањето кај децата

Добивај вести на Viber

Сѐ повеќе деца патат од пореметување на сонот, а научниците тој проблем го поистоветуваат со претераното користење на социјалните мрежи и дигиталните уреди непосредно пред спиење.

Претераното користење на Инстаграм, Снепчет, Фејсбук и Твитер може да се поврзе со некои ментални пореметувања кај децата, како на пример депресијата, пишуваат британските медиуми. Според податоците на британскиот Државен завод за здравство, во последните шест години бројот на хоспитализација на деца со пореметување значајно е пораснат. Меѓу младите до 16 години таа бројка во последните пет години пораснала од 6520 на 9429 евидентирани.

Некои стручњаци препорачуваат дека на децата не треба да им се забранат социјалните мрежи, туку да им се постави граница за користење. 

„Навиката за легнувањето во исто време со одредени ритуали е предуслов за здрав сон на детето“, велат научниците. Британските стручњаци укажуваат дека ако детето е ненаспано, тоа може да придонесе и во таложењето на килограмите, хормонален дисбаланс, може да влијае и на апетит и зголемено чувство на глад. Нездравиот сон може да доведе и до анксиозност. 

„ Децата од најрана возраст треба да имаат одредени рутини во повеќето активности. Постепено, активностите треба да се намалуваат при крајот на денот, а во тие кратења треба да спаѓа и намалено користење на дигиталните уреди“, велат британските научници, но нагласуваат дека строгите и прецизни греаници не треба да бидат единствен начин на воспитување.