Софија Милошевиќ го дои синот среде град, а потоа откри: Ова е многу важно како за бебето, така и за мајката

Менекенката ужива во родителството заедно со својот избраник, фудбалерот Лука Јовиќ...

Софија Милошевиќ во најновата објава на Инстаграм покажа дека доењето на места каде што ќе посака малиот Алексеј, навистина не ѝ претставува никаков проблем. Манекенката и се фотографираше со наследникот во раце истакнувајќи колку е важно доењето како за бебето, така и за мајката, па најгласи колку е благодарна што е во состојба да го прави тоа веќе седум месеци.

„Доењето е важно. Колку за бебето, толку и за мајката. Како што тој развива имунолошки систем, од друга страна, се произведуваат окситоцин и пролактин, кои го намалуваат стресот. Благодарна сум што можам да го дојам своето бебе веќе седум месеци“ - напиша младата мајка покрај фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Инаку, Софија неодамна откри дека нема дадилка и дека за бебето се грижи сама.